Дома Фудбал Италија Изненадување од Италија: Манџукиќ ги прекинал преговорите со Јувентус

Изненадување од Италија: Манџукиќ ги прекинал преговорите со Јувентус

0
mandukic

Јувентус одлучи да му понуди нов договор на Марио Манџукиќ, но хрватскиот напаѓач наводно не е сигурен дали сака да остане во Торино.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека 32 годишниот Манџукиќ не е сигурен дали сака да игра во Јувентус и наредната сезона, па според нивните информации ги прекинал преговорите за продолжување на договорот.

Актуелниот договор на Манџукиќ има важност до 2020 година, а споменатиот медиум најавува дека преговорите ќе бидат продолжени само доколку Хрватот е сигурен во својата одлука да остане во редовите на италијанскиот шампион.

Манџукиќ во овој момент заработува три ипол милиони евра годишно, а Јувентус сега му нуди договор до 2021 година со покачување на пет милиони евра.


Следете го Sportski.mk и на


Напаѓачот во изминатото лето одби понуда од Кина во која можеше да стане најскапиот Хрват на сите времиња, а сезоната одлично ја започна со учинок од четири погодоци и две асистенции на девет натпревари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Де Лаурентис: Каков успех е тој ако позајмиш 200 милиони евра да купиш еден играч?

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис се обиде да се сочуствува со разочараните на…