
Оливие Жиру иако има 36 години игра фантастично, па поради тоа Милан почна преговори за продолжување на соработката.
Меѓутоа, понудата која пристигна од Островот може да ги промени плановите на Французинот.
Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓
Имено, Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за Жиру и сака да го доведе на „Олд Трафорд“ и тоа уште во јануари.
Тен Хаг бара врвен напаѓач после заминувањето на Роналдо, а Јунајтед нема голем буџет за големо засилување.
Меѓутоа, Милан не сака да слушне да го пушти Французинот и веќе е во напредни преговори за продолжување на соработката.