Дома Фудбал Останато Изненадување: Венгер селектор на Швајцарија!?

Изненадување: Венгер селектор на Швајцарија!?

Искусниот француски тренер на Арсен Венгер е еден од кандидатите за нов селектор на Швајцарија откако Владимир Петковиќ ја напушти функцијата и седна на клупата на Бордо.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како што пренесува „РМЦ Спорт“ повикувајќи се на швајцарски извори Венгер после три години може да пронајде нов ангажман, но овој пат како селектор.

Венгер и Швајцарија беа во контакт уште во 1995 година пред да го преземе Арсенал, но тогаш до договор не дојде.

Искусниот стратег кој од 2018 година е вработен во ФИФА, течно зборува германски и француски и според најавите би бил краткорочно решение за клупата на Швајцарија. Поточно до крајот на календарската година или евентуално до март следната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Капитенот на Реал организираше збогувачка вечера – еден човек не е поканет!

Дани Карвахал по 13 години заминува од Реал и затвора едно од најтрофејните поглавја во ис…