Дома Трансфер зона Изненадување: Барселона сакала да го врати Суарез!

Изненадување: Барселона сакала да го врати Суарез!

Каталонскиот „Спорт“ пренесува изненадувачка вест – Барселона сака да го врати Луис Суарез!

Пред две години Суарез не по негова желба замина откако претходното раководство не му понуди нов договор. Тогашниот тренер Роналд Куман дури го остави Суарез сам да тренира со цел да го натера да замине.

„Спорт“ сега пренесува дека Барселона сака да го врати Суарез и првите контакти веќе биле остварени.

Сепак, предлогот на Барселона бил Суарез да почека до август за да види што ќе се случува со Роберт Левандовски кој е приоритет во овој момент. Тоа на Суарез не му одговарало затоа што има и други понуди, па засега не изгледа дека понудата ќе биде прифатена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Петок и сабота во Торино се денови резервирани за Ди Марија и Погба

Се поблиску сме до моментот кога Јувентус ќе ги промовира двете големи засилувања во овој …