Белгиецот, Еден Азар е без клуб откако летово ја прекина соработката со Реал Мадрид на една година пред истекот на договорот.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Се најавуваше дека Азар може да оди во пензија, меѓутоа сега пристигнуваат информации дека ќе ја продолжи кариерата. Според најавите, Азар се одлучил да продолжи да игра фудбал и тоа во родната Белгија.
Медиумите во Белгија пренесуваат дека ја прифатил понудата на Сен Жил, иако таа била многу послаба од некои други кои одби летово.
Пред доаѓањето во Реал Мадрид, Азар беше еден од најдобрите фудбалери во светот, затоа и доби голема плата во Мадрид, но тука не покажа ништо и повеќе беше повреден отколу спремен за игра.
Во Белгија во овој момент игра и неговиот брат, Торган кој се врати во Андерлехт.