Дома Фудбал Англија Избран најдобриот тим во историјата на Премиер лигата составен од странци

Избран најдобриот тим во историјата на Премиер лигата составен од странци

Во 28 години во Премиер лига играле бројни странци и сигурно не е лесно да се избере најдобриот тим.

Кога Серхио Агуеро постигна хет-трик во победата на Манчестер Сити против Астон Вила од 6:1 во текот на викендот ја наследи титулата најдобар странски стрелец во историјата на Премиер лигата.

Како резултат на тоа, англиски „Сан“ го избра идеалниот тим на сите времиња во Премиер лигата кој е составен од странски играчи.

Во тој состав на голот е Данецот кој се прослави во Манчестер Јунајтед: Петар Шмајхел. Во одбраната е Ван Дајк, потоа Видиќ и Винсент Компани.

Средниот ред е составен од Патрик Виера, Давид Силва, Кристиано Роналдо, Ерик Кантона и Еден Азар.

Во нападот местото беше резервирано за Тиери Анри и Серхио Агуеро.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аријан Адеми стрелаше за Динамо Загреб (Видео)

Динамо Загреб по првото полувреме води со 0:2 на гостувањето кај Вараждин. Водство за гост…