Дома Фудбал Останато Идеалниот тим од играчи кои ги тренирал Капело изгледа страшно, избра и еден „џокер“

Идеалниот тим од играчи кои ги тренирал Капело изгледа страшно, избра и еден „џокер“

Познатиот италијански стратег Фабио Капело во текот на богатата кариера работеше со навистина голем број фантастични фудбалери.

Се започна на клупата на Милан кој го водеше на два пати, баш како и Реал Мадрид, а седеше уште на клупата на Рома, Јувентус, репрезтациите на Англија и Русија…

Кариерата ја заврши на клупата на кинескиот Џинагсу Сунининг во 2018 година и сега ужива во заслужената пензија.

Со оглед на тоа дека работеше со многу големи фудбалери имаше тешка задача да ги избере најдобрите 11 со кои соработувал. Капело се одлучи за формација 4-3-3, но има 12 играчи затоа што не можеше да се одлучи каде да го стави Тоти.

Голман: Буфон

Одбрана: Кафу, Малдини, Барези, Роберто Карлос.

Средина: Редондо, Савивчевиќ, Раул/Тоти

Напад: Гулит, Ван Бастен, Роналдо

Ова изгледа прилично офанзивна формација со тоа што Тоти кој е како „џокер“ во овој тим би можел да биде и напред. Покрај тоа Раул е ставен како десно крило.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Харгривс: Вернер ќе ја грее клупата во Ливерпул

Раководството на Ливерпул веќе подолго време работи на трансферот на напаѓачот на Лајпциг,…