Дома Фудбал Италија Игуаин порача: Сакав да докажам дека можам да останам овде

Игуаин порача: Сакав да докажам дека можам да останам овде

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин повторно ги тресе противничките мрежи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тој ужива максимална поддршка кај тренерот Маурисио Сари, а синоќа му се оддолжи со погодокот во ЛШ против Баер Леверкузен.

Јуве тој натпревар го доби со 3:0, а Пипито беше видно задоволен.

„Ова беше важен натпревар откако ремизиравме во Мадрид, така да знаевме дека ни треба победа. Среќен сум поради победата и мојот гол, мора да продолжиме да играме вака.“ – порача Игуаин.

Аргентинецот потоа објасни дека во Јуве ова лето се вратил со голема мотивација.

„Пристигнав многу мотивиран, сакав да покажам дека можам да останам овде. Пред нас е долга сезона..“ – додаде Гонзало.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати се 23 екипи за новата сезона на Лигата на шампионите

Сезоната во елитниот европски фудбал се привршува и во моментов се познати имињата на 23 к…