Дома Фудбал Англија Играчите сакаат Гринвуд да се врати во тимот, но директорите…

Играчите сакаат Гринвуд да се врати во тимот, но директорите…

Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата бидејќи кралското обвинителство не нашло докази да го продолжи случајот и тоа значи дека 21-годишниот фудбалер може да продолжи да игра фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а засега од „црвените ѓаволи“ не потврдуваат дали веднаш ќе биде вратен во составот.

Раководните луѓе во клубот сметаат дека повторното враќање на Гринвуд во тимот може да предизвика проблеми во соблекувалната.

Медиумите пак пренесуваат дека повеќето фудбалери немаат ништо против Гринвуд да се врати во првиот тим и срдечно ќе го пречекаат.

Раководството се уште нема донесено конечна одлука бидејќи смета дека враќањето на Гринвуд може негативно да се одрази и да влиае на добрата атмосфера во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барбарез заплака на теренот по елиминацијата на Босна и Херцеговина од Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина заврши со натпреварите на Светското прве…