Дома Фудбал Англија Играчите сакаат Гринвуд да се врати во тимот, но директорите…

Играчите сакаат Гринвуд да се врати во тимот, но директорите…

Мејсон Гринвуд беше ослободен од обвинувањата бидејќи кралското обвинителство не нашло докази да го продолжи случајот и тоа значи дека 21-годишниот фудбалер може да продолжи да игра фудбал.

Гринвуд беше суспендиран од Манчестер Јунајтед во текот на случајот, а засега од „црвените ѓаволи“ не потврдуваат дали веднаш ќе биде вратен во составот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Раководните луѓе во клубот сметаат дека повторното враќање на Гринвуд во тимот може да предизвика проблеми во соблекувалната.

Медиумите пак пренесуваат дека повеќето фудбалери немаат ништо против Гринвуд да се врати во првиот тим и срдечно ќе го пречекаат.

Раководството се уште нема донесено конечна одлука бидејќи смета дека враќањето на Гринвуд може негативно да се одрази и да влиае на добрата атмосфера во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јуве прави реорганизација во средниот ред и го повикува поранешниот ас на Милан

Јувентус оваа сезона жестоко се бори за место кое води во Лигата на шампионите, а планот б…