Дома Фудбал Играчите на Тотенхем сакаат да се врати Покетино

Играчите на Тотенхем сакаат да се врати Покетино

Готово е сигурно дека Антонио Конте на лето ќе си замине од Тотенхем, па веќе започна потрагата по нов тренер.

Синоќа Тотенхем беше елиминиран од Милан во Лигата на шампиони, па до крајот на сезоната на „Спарси“ им останува само борбата за пласман во Топ 4.

Конте постојано ги одложуваше преговорите околу новиот договор со Тотенхем, а тоа е знак дека сака да го напушти клубот.

Неговиот договор истекува на крајот на сезоната и како што сега стојат работите двете страни ќе се заделат на лето.

Фаворит за негов наследник е Маурисио Покетино, кој во минатото бележеше одлични резултати со Тотенхем.

Според „Скај Спорт“ неколку клучни играчи на тимот прават притисок за да се врати Аргентинецот на кормилото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Холандија ја растури Грција со 7-0: Хет-трик на Рејндерс!

Рејндерс постигна три гола до 33. минута, Тимбер додаде два, а Холандија ја испрати Грција…