Дома Фудбал Франција Игор Тудор претставен во новиот клуб, помошник ќе му биде светски шампион од 2006 година

Игор Тудор претставен во новиот клуб, помошник ќе му биде светски шампион од 2006 година

Игор Тудор ќе биде нов тренер на Олимпик Марсеј.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Хрватскиот стратег потпиша двегодишен договор откако минатата сезона ја водеше Верона во италијанското првенство.

„Сите знаеме колку е ова голем клуб. Разговарав со пријателот Ален Боксиќ кој играше тука и ми кажа само убави работи. Го познавам тимот и пресреќен сум што ќе станам тренер на овој клуб“, изјави 44-годишниот хрватски тренер.

„Секој тренер е поинаков. Јас сакам напаѓачки, интезивен фудбал, но не ја заборавам одбраната. Мојата цел е публиката на стадионот да не биде разочарана“, изјави Тудор на претставувањето.

Тудор откри и дека помошник ќе му биде Мауро Каморанези, светскиот шампион со Италиај од 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Трамп: Во ред е репрезентацијата на Иран да игра на Светското првенство

Американскиот претседател Доналд Трамп во разговор со новинарите изјави дека е “во р…