Дома Македонски спорт Иван Тричковски избран за фудбалер на сезоната во Кипар!

Иван Тричковски избран за фудбалер на сезоната во Кипар!

Репрезентативецот на Македонија, Иван Тричковски е избран за играч на сезоната во Кипар и тоа во изборот од страна на тренерите и најсилната кипарска конкуренција.

Тричковски оваа сезона беше стрелец на 24 голови на 39 натпревари. Голгетерскиот учинок сигурно би му бил подобар ако немаше проблеми со повредите. Тричко во супер форма игра од јануари навака, се до моментот на повредата. Во овие моменти е надвор од терените и веројатно ќе ги пропушти натпреварите за Македонија кои се играат во јуни против Полска и Австрија во Скопје.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Со АЕК Ларанка Тричковски играше во групната фаза од Лигата на Европа. Освен тоа тој стана и рекордер по бројот на постигнати голови на АЕК, но и најдобар странски стрелец во кипарското првенство.

Наградата за играч на сезоната Тричковски ќе ја добие во понеделник на церемонијата кога ќе се избираат најдобрите во кипарскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

На клупата на Охрид денеска седеше голман од 64 години!

На натпреварот меѓу Охрид и Силекс (1-1) во рамките на Купот на Македонија, вниманието на …