Дома Трансфер зона Ибрахимовиќ се поврзуваше со Бока – се огласи Раиола

Ибрахимовиќ се поврзуваше со Бока – се огласи Раиола

Oткако во текот на денот се појави информација дека Ибрахимовиќ би можел да премине во Бока Јуниорс се огласи неговиот агент Мино Раиола.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Популарниот италијански агент изјави дека станува збор за лажни вести.

„Никогаш не сум го понудил или пак Златан ми побарал да преговарам со Бока Јуниорс. Тоа се апсолутно лажни вести“, изјави Раиола.

Ќе потсетиме, договорот на Ибрахимовиќ со Галакси истекува на крајот на оваа година, а според она што се пишуваше Швеѓанецот изразил желба да замине.

Сепак, после ова огласување на Раиола очигледно се работи за шпекулации.

Ибрахимовиќ во текот на кариерата промени голем број клубови, играше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ и Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…