Легендарниот шведски фудбалер, Златан Ибрахимовиќ од пред неколку дена е советник во Милан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ибрахимовиќ ќе патува со екипата на натпреварите, но нема да може да влегува во соблекувалната на тимот. Поранешниот напаѓач требаше да биде на трибините и против Монца изминатиот викенд, но болеста го спречи во тоа.
Како што пренесуваат италијанските медиуми на Ибрахимовиќ му е забранет влез поради правилата на Фудбалскиот сојуз на Италија кој дозволува влез само на одредени личности.
Кариерата Ибрахимовиќ ја заврши во Милан каде што играше од 2020 година, а се пензионираше на 41.