Дома Видео Ибрахимовиќ и Ребиќ го декласираа Кротоне

Ибрахимовиќ и Ребиќ го декласираа Кротоне

Милан во 21. коло од Серија А на Сан Сиро го декласира Кротоне со 4:0 и се врати на врвот на лигашката табела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Росонерите лесно стигнаа до трите бода, а по два гола постигнаа Златан Ибрахимовиќ и Анте Ребиќ.

Отпорот на Кротоне беше скршен во 30. минута. Леао и Ибра одиграа школска акција, а Златан ја заврши за предност од 1:0.

Со овој резултат се замина на одмор, а во продолжение тимот на Стефано Пиоли за само шест минути ја заврши работата на овој натпревар.

Златан во 64. минута погоди за 2:0 после одличната асистенција од Хернандез, а потоа на сцена стапи Анте Ребиќ.

Хрватскиот напаѓач погоди во 69. и 70 миута за конечен резултат од 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Гави одбива трансфер во Манчестер Јунајтед. Англиските клубови понудија 40 милиони евра

Гави (22) ја отфрли можноста да премине од Барселона во Манчестер Јунајтед. Според „Гардиј…