Дома Фудбал Ибрахимовиќ во новата сезона во Милан ќе игра со друг број

Ибрахимовиќ во новата сезона во Милан ќе игра со друг број

Mу олесна на Стефано Пиоли, но и на сите навивачите на Милан бидејќи Златан Ибрахимовиќ дресот на „росонерите“ ќе го носи и следната сезона.

Со завршувањето на сезоната на Ибрахимовиќ му истече повеќемеечниот договор, а преговорите кои траеа неколку недели се завршени на меѓусебно задоволство.

Швеѓанецот со босански корени со Милан се договори на едногодишна соработка. За тој период според информациите од Апенините ќе заработи седум милиони евра.

Ибрахимовиќ се одлучил и да го промени бројот на дресот. Во првиот негов мандат тој носеше 11-ка, минатата сезона 21, додека во новата сезона на неговиот грб ќе стои 9-ка.

Инаку Ибрахимовиќ во втората полусезона 2019/20 во сресот на Милан на 20 натпревари успеа да постигне 11 голови и покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роден во Белград, но изборот е Словенија: Обриќ доби повик и за дуелот со Македонија

Деветнаесетгодишниот дефанзивец на Аталанта е пред сениорско деби за Словенија, а пораката…