Денес македонската фудбалска јавност се израдува на сликите кои пристигнуваа од локалното дерби во втората македонска лига помеѓу Тиквеш и Вардар Неготино.
Ова дерби се играше во фантастична атмосфера пред полни трибини што е навистина реткост за натпреварите од првата лига, а да не зборуваме за пониските.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Стадионот во Кавадарци беше исполнет до последното место.
Меѓутоа како црна дамка на овој празник на фудбалот ќе остане инцидентот кој се случи на истекот од првото полувреме.
Во една ситуација дојде до турканица помеѓу фудбалеритен а теренот, а тогаш на теренот влета и претседателот на Тиквеш, Миле Масларков.