Дома Фудбал Зошто Мбапе вчера играше без заштитната маска?

Зошто Мбапе вчера играше без заштитната маска?

Францускиот репрезентативец, Килијан Мбапе во натпреварот од полуфиналето против Шпанија играше без заштитна маска.

Новиот фудбалер на Реал Мадрид заработи скршеница на носот во првото коло од групната фаза на ЕП против Австрија и од тој момент во сите преостанати натпревари играше со заштитна маска.

Сепак, вчера одлучи да излезе на терен без маската. Како што дознава „Марка“, Мбапе ги замолил докторите на репрезентацијата на Франција натпреварот од полуфиналето да го игра без бидејќи не се чувствува пријатно кога ја носи.

Со дозвола на француските доктори, фудбалерот на Реал Мадрид на „Алијанц Арената“ излезе на теренот без маската.

Инаку, Мбапе ударот го доби уште во првото коло во дуелот со Кевин Дансо од Австрија. По тој натпревар беше пренесен во болница каде што му беше дијагностицирана скршеницата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола на клупата на САД? Планот зависи и од Манчестер јунајтед

Американската федерација го разгледува Пеп Гвардиола како прва опција доколку Маурицио Пок…