Репрезентацијата на Русија во хокеј на мраз се пласираа во финалето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг, откако денес во полуфиналето ја совладаа Чешка со 3:0.
За хокеарите на Русија кои во Пјонгчанг се натпреваруваат како нетурални спортисти, ова е прво финале на Зимските олимписки игри после 20 години, односно после Наган 1998 година кога во борбата за златото беа поразени токму од Чешка.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
После првата третина од денешното полуфинале немаше голови, а потоа Русите за само триестина секунди стигнаа до предност од 2:0. Прво Никита Гушев во 28 минута ја доведе Русија во водство, а 27 секунди подоцна Владислав Гавриков ја зголеми предноста.
Точка на натпреварот стави Илија Ковачљук на 21 секунда пред крајот.
Хокеарите на Русија за златото ќе се борат против победникот од второто полуфинале помеѓу Канада и Германија.