Дома Фудбал Англија Знаете ли колку време Ливерпул нема пораз на Енфилд?

Знаете ли колку време Ливерпул нема пораз на Енфилд?

Водечкиот тим во англиското првенство, Ливерпул, цели 900 дена не знае за пораз на домашен терен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Денес „црвените“ на својот стадион ќе го пречекаат шампионот и најголем ривал Манчестер Сити, па сигурно ќе сакаат таа традиција да продолжи.

Иако е ноември и релативно рана фаза од првенството, мечот може да биде и клучен за титулата. Особено ако слави Ливерпул кој во тој случај ќе замине на 9 бода разлика со „граѓаните“.

Последен пораз на Ливерпул дома беше од Кристал Палас, во април 2017 година. Од тогаш, тимот под палката на Германецот Јирген Клоп, на свој терен одигра 45 меча и извојува 35 победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феран Торес се поблиску до трансфер во ПСЖ

Феран Торес ги договори личните услови со Париз Сен-Жермен и има желба да ја продолжи свој…