Дома Македонски спорт Мак фудбал Знаевте ли дека Нафиу бил соиграч со Сон? „Ми честиташе и ми кажа дека сум дал супер гол“

Знаевте ли дека Нафиу бил соиграч со Сон? „Ми честиташе и ми кажа дека сум дал супер гол“

Минатата недела во Скопје на дуел со Шкендија гостуваше англискиот гигант Тотенхем. Тотенхем славеше победа во Скопје со 3:1, а тетовци далеку од тоа дека се посрамотија во дуелот со тимот на Мурињо беа одличен противник.

Од Шкендија во овој дуел најмногу се прослави Ваљмир Нафиу. Нафиу постигна прекрасен гол со кој го изедначи резултатот на почетокот на второто полувреме. Сега тој даде интервју за официјалната страна на Шкендија.

„Играњето против еден голем тим како Тотенхем е дополнителен мотив. Тоа беше меч за уживање. Голот секако дека беше посебен момент за мене. Ниту самиот не верував дека мојот удар заврши во голот. Тоа е момент кој ќе го паметам целиот живот“.

Интересно е што Нафиу се знае со ѕвездата на Тотенхем, Сон од времето во Хамбургер каде што беа соиграчи.

„Да, со Сон се познаваме од времето во Хамбургер. Таму игравме заедно три години. Ми честиташе и ми кажа дека сум дал супер гол“, изјави Нафиу.

ФОТО: Шкендија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барди: Јас сум Албанец, но за Македонија играм со гордост и давам се од себе!

Енис Барди е еден од клучните фудбалери во македонската репрезентација која на 12. ноември…