Дома Трансфер зона Зидан спрема две големи засилувања во јануари

Зидан спрема две големи засилувања во јануари

0

Реал Мадрид оваа сезона не воодушевува со настапите, иако е лидер во Примера, сепак го имаше најслабиот свој старт во историјата на Лигата на шампиони.

Поради тоа тренерот Зинедин Зидан сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, особено средниот ред.

„Марка“ објави дека Кристијан Ериксен од Тотенхем и ѕвездата на Ајакс Дони Ван де Бек ќе му бидат приоритет на тренерот на Реал во јануари.

Плејмејкерот на Тотенхем би пристигнал за многу помала цена од реалната, зашто на лето му завршува договорот. Некои медиуми тврдат дека Данецот веќе има договор со „кралевите“, кои ќе се обидат да го донесат во Мадрид шест месеци претходно.

Што се однесува до другата мета, Ајакс го проценува Ван де Бек на околу 50 милиони евра, сума која Реал е спремен да ја плати, па „кралевите“ ќе треба само да го убедат играчот да ја промени средината во јануари.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кавани како слободен играч доаѓа во Манчестер Јунајтед?

Манчестер Јунајтед катастрофално влезе во новата сезона и со сигурност мора да се засилува…