Реал Мадрид спрема голема реконструкција за следната сезона. Ќе пристигнат неколку нови засилувања, но некои од ѕвездите ќе бидат ставени на продажба.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Герет Бејл и Хамес Родригез ги предводат ѕвездите кои ќе си заминат од „Сантијаго Бернабеу“, како и Лука Модриќ, на кого му завршува договорот и ќе биде слободен агент.
Покрај овие тројца, на продажба ќе бидат ставени и Лукас Васкез и Маријано Дијаз, кои не се во плановите на Зидан за следната сезона.
Реал размислува да се ослободи и од Начо, Марсело и Брахим Дијаз, а со продажбата на овие фудбалери ќе финансира дел од трансферите на две големи ѕвезди.