Дома Топ вести Зидан не се откажува: Повторно тргнува по Канте

Зидан не се откажува: Повторно тргнува по Канте

Реал Мадрид го поднови интересот за ѕвездата на Челзи, Нголо Канте пренесува весникот „АС“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Весникот тврди дека Челзи е спремен да се раздели со фантастичниот Французин за да го финансира летниот трансфер период.

„Сините“ веќе го донесоа Хаким Зијах за кого потрошија 36  милиони финти. Примарна цел е напаѓачот Тимо Вернер, а тој трансфер ќе го чини Челзи 55 милиони фунти.

Лампард е заинтересиран и за уште неколку големи ѕвезди како Каи Хаверц и Џејдон Санчо, па поради тоа ќе мораат да продадат едно големо име.

Најголем интерес постои за Нголо Канте, чија цена во моментов изнесува 70 милиони фунти.

Реал Мадрид е спремен да ја плати таа сума бидејќи Французинот е голема желба на Зинедин Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…