Дома Трансфер зона Зидан го „пречкрта“, Реал бара 40 милиони евра

Зидан го „пречкрта“, Реал бара 40 милиони евра

Хамес Родригез се врати во Реал Мадрид после две години позајмица во Баерн Минхен, но оваа сезона не добива голема минутажа.

Колумбиециот не е во плановите на Зинедин Зидан, па Реал сигурно ќе го стави на трансфер листа на крајот на сезоната.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека „кралевите“ се спремни да го пуштат Хамес за „само“ 40 милиони евра и со тоа да се ослободат од неговата висока плата.

Насериозен кандидат за 28-годишниот Колумбиец е Евертон, бидејќи Анчелоти повторно сака да соработува со него.

Интерес за Хамес покажува и Валенсија, но самиот играч преферира преселба во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…