Дома Фудбал Зидан вечерва без Роналдо, Бејл и Модриќ

Зидан вечерва без Роналдо, Бејл и Модриќ

Реал Мадрид вечерва го игра својот натпревар од 32 коло од Ла Лига и тоа на гостински терен против Малага која се наоѓа на последното место на табелата.

„Кралевите“ во овој момент се четврти на табелата во Примера и од поодамна нивното внимание е насочено кон Лигата на шампионите, а за денешниот натпревар Зидан одлучи да одмори некои од своите најважни фудбалери.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека на денешното гостување Реал ќе оди без Кристиано, Роналдо, Лука Модриќ и Герет Бејл.

Причина за ваквата одлука на Зидан секако е натпреварот од Лигата на шампионите против Баерн Минхен кој е закажан за 25 април. Покрај тоа Реал веќе во среда го очекува нов натпревар од Ла Лига против Атлетик Билбао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…