Работнички успешно го стартуваше вториот дел од првенството со триумф против Пелистер во Битола, а утре го очекува нов голем предизвик. Тимот на Борче Христов на арената „Тодор Проески“ ќе се соочи со лидерот Шкупи.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерот од средниот ред Зрбин Зејнулаи најавува жестока борба и се надева на позитивен резултат за Работнички.




„Победивме на стартот против Пелистер, но сакаме да продолжиме со позитивни резултати во низа. Атмосферата во тимот е одлична и ќе се потрудиме да ја одржиме со добра игра и позитивен исход и против Шкупи. Тие се лидери и имаат квалитетен тим, но Работнички ќе се бори со сите сили за да го сопре Шкупи“, вели Арбин Зејнулаи.




Натпреварот меѓу Работнички и Шкупи се игра утре на арената „Тодор Проески“, со почеток во 14 часот. Главен судија на мечот ќе биде Александар Грујоски од Кичево.
Фото: ФК Работнички