Поврзувањето со Новак Ѓоковиќ за секоја држава значи промоција во светски рамки, па тоа сака да го искористат Црногорците.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ најави дека сака да му доделат пасош на српскиот тенисер.
„Нема никаков притисок, тоа е прашање на желба. Подеднакво е добредојден и без пасошот. Не само тој, секој кој заслужува и може да биде промотор, меѓу другото на нашата Црна Гора“, изјави премиерот.
Инаку, Ѓоковиќ скоро секое лето поминува добар дел од деновите во Црна Гора каде што ги полни батериите за силните турнири.