Дома Македонски спорт Мак ракомет Згасна сонот за втора фаза – Македонија поразена од Исланд

Згасна сонот за втора фаза – Македонија поразена од Исланд

0

Македонската репрезентација одигра лошо второ полувреме и беше поразена од Исланд (22:24), иако на пауза заминавме со два гола предност. Со овој пораз Македонија не успеа да се пласира во втората фаза од Светското првенство.

Македонија одлично го започна мечот и во првите минути направи предност од 4:1. Игравме одлично во одбраната, Борко имаше неколку одлични одбрани, па ја држевме резултатската контрола и на одмор заминавме со предност од 13:11.

Во второто полувреме видовме комплетно различна слика и му дозволивме на Исланд да направи комплетен пресврт. Во 34-та минута Исланд имаше предност од 16:17, а веднаш потоа разликата замина на два гола.

Македонија се обиде да се врати во натпреварот, но голманот на Исланд одбрани неколку клучни удари, а нападите на противникот беа долги и ефикасни. На крајот Исланд ги сочува двата гола разлика (22:24) и се пласира во следната фаза од Светското првенство.

Манасков и Лазаров со по пет погодоци беа први стрелеци во нашиот тим, а ги следеше Талески со 4 гола.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Сега се е јасно: Икарди стави крај на сите шпекулации! (ФОТО)

Денес во италијанските медиуми се појави изненадувачка вест која најави помирување помеѓу …