Дома Фудбал За сите беше изненадување: Откриено зошто Баерн го отпушти Нагелсман

За сите беше изненадување: Откриено зошто Баерн го отпушти Нагелсман

Баерн Минхен обезбеди четвртфинале во Лигата на шампиони, но лошите резултати во Бундеслигата го натераа раководството на тимот да го избрка Јулијан Нагелсман, но тоа не е единствената причина.

Германските медиуми пишуваат дека постојат повеќе причини за отказот на Нагелсман, а ситуацијата кулминирала кога заминал на скијање во Австрија додека неговите фудбалери, кои не се со репрезентациите, останале во екипата да тренираат со останатите помошници на тренерот.

Нагелсман претходно ја загубил контролата во соблекувалната, па голем дел од фудбалерите не биле среќни со тоа како тренерот ги предводи работите.

Поранешниот стратег на бундеслигашот претходно се скарал и со Мануел Ноер, а го избрка и тренерот на голмани кој долги години беше во екипата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Тажна вест од Србија: Почина тренерот Радмило Јовановиќ

Радмило Јовановиќ почина во 76. година од животот. Раднички 1923 се прости од својот поран…