Дома Трансфер зона За Пол Погба изгледа останува само една опција

За Пол Погба изгледа останува само една опција

0

Пол Погба беше на мета на Јувентус, но „старата дама“ изгледа се откажала од намерата да го врати Французинот во Торино.

Реал и Јувентус беа главни кандидати за доведување на Погба, но сега во игра за потписот на Французинот останал само клубот од Мадрид.

Јувентус сакаше да го ангажира Погба, меѓутоа Манчестер Јунајтед постави висока од 167 милиони евра и тоа ги натера во Торино да се откажат од намерата.

Тој износ е преголем ако се знае дека во Јувентус треба да пристигне и Де Лихт кој „бјанконерите“ ќе ги чини помеѓу 70 и 80 милиони евра.

Реал Мадрид ова лето веќе ангажира неколку фудбалери и потроши голема сума, а по Погба се очекува да тргнат откако ќе се ослободат од „вишокот“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола го пронајде наследникот на Агуеро, треба да спреми над 100 милиони

Кун Агуеро во 2011 година пристигна во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид и почна да испишу…