Дома Трансфер зона За него повеќе место во Торино: Јувентус ја одреди цената за Квардадо, четири клуба заинтересирани

За него повеќе место во Торино: Јувентус ја одреди цената за Квардадо, четири клуба заинтересирани

0
cuardado ronaldo

Колумбискиот фудбалер Хуан Квардадо ова лето многу веројатно ќе го напушти Јувентус.

Квардадо поради проблеми со повредите баш и не се наигра во Јувентус минатата сезона, а кога се опорави Алегри кој си замина не сметаше премногу на неговите услуги.

Се случи промена на клупата, Маурицио Сари го наследи Алегри, но ситуацијата за Квардадо не е промената. Медиумите во Италија пишуваат дека и Сари не смета на Колумбиецот.

„Калчомеркато“ денес објави дека во Јувентус се одлучиле да го продадат Квардадо во овој преоден рок и за него ќе бараат сума помеѓу 20 и 25 милиони евра. Оваа сума и не е некоја преголема со оглед на тоа што се случува денес на трансфер пазарот.
Освен тоа за Колумбиецот има повеќе заинтересирани клубови.

Во последно време со името на Квардадо најмногу се поврзуваа Милан, Интер, Севиља и Валенсија. Наводно, во овој момент најблиску до неговиот потпис е Севиља.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Солскјер најде замена за Лукаку: Пристигнува ѕвезда која ја сака цела Европа

Англиските медиуми лансираа „бомба“ и тврдат дека Манчестер Јунајтед е на добар пат да го …