Актуелниот македонски шампион, МЗТ Скопје, го запиша 14. пораз во рамки на АБА регионалната лига.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
МЗТ на домашен терен загуби од Црвена Звезда со 92:58, па така спротивно од МЗТ, црвено-белите ја запишаа 14. победа во ова натпреварување.
Во трите последни квартали гостинската екипа беше убедлива и ја имаше резултатската контрола на мечот.
Во таборот на Црвена Звезда, најефикасен беше Добриќ со постигнати 23 поени, додека на спротивната страна се издвои Маслинко со постигнати 15 поени.