Дома Фудбал Италија „За Конте е подобро да се врати во Јувентус, отколку во Интер“

„За Конте е подобро да се врати во Јувентус, отколку во Интер“

Легендарниот италијански тренер, Ариго Саки смета дека за Антонио Конте ќе биде најдобро да се врати во Јувентус.

Саки смета дека Конте е еден од најдобрите тренери во Европа, а откако си замина од Тотенхем готово е сигурно дека ќе се врати во Серија А.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Го сметам Конте за еден од најдобрите тренери на европската сцена, сега ќе ме задоволи само негово враќање во италијанскиот фудбал. Во него имаме тренер со многу знаење и тој ја прави разликата од клупата. Го имав како играч во 1994-та година и тогаш ми откри интересна приказна. После секој тренинг, одел во соблекувалната и запишувал се што сме работеле на вежбите. Уште тогаш имаше менталитет на тренер, човек кој може да биде лидер на тим“, открива Саки.

„Нема да бидам изненанден ако се врати во Јувентус и почне нова љубов со „старата дама“, особено кога се знае дека многумина не се задоволни од работата на Алегри. За него ќе биде подобро да се врати во Јувентус отколку во Интер“, заклучи Саки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сити не го дава Де Брујне, му спреми нов договор

Ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин де Брујне, влезе во последната година од договорот, па с…