Дома Македонски спорт Мак фудбал Захариевски повеќе не е тренер на Струга!

Захариевски повеќе не е тренер на Струга!

Лидерот на табелата во ПМФЛ, Струга Трим Лум вчера вечер објави соопштение во кое потврди дека дошло до разделба со тренерот Срѓан Захариевски.

Струга не играше како на почетокот на сезоната и само благодарение на поразот на Шкупи од Силекс во Кратово остана на лидерската позиција во ПМФЛ. Сепак, заминувањето на Захариевски е изенанување.

„Сакаме да ја известиме јавноста дека ја прекинавме соработката со Срѓан Захариевски. Ова е одлуката на клупското раководство и тренерот ја прифати. Ти благодариме Захариевски“, објавија стружани.

Најголемиот успех на Захариевски со Струга во трите сезони беа изборените европски квалификации.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…