Срѓан Захариевски го имаше своето прво обраќање откако седна на клупата на Вардар.
Захариевски на клупата на Вардар пристигна како трет тренер сезонава откако претходно тимот го водеа прво Горзад Михаилов, па Горан Петрески кој се задржа само два дена.
Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
„Благодарен сум за шансата да предводам тим како Вардар, за кој не треба да се говори што значи во македонскиот фудбал. Доаѓам во незгоден момент, немам некоја посебна можност да сменам нешто во играта и во составот, но ќе се обидеме да ги искористиме последните неколку дена од предниот рок да се засилиме на најдефицитарните позиции.
Од тоа што го слушнав, ова е само почеток на една поубава приказна за црвено-црните, а наша цел во моментов е да го стабилизираме тимот и да почнеме да играме многу подобро. Вардар е тим кој на секоја средба треба да оди на победа и ветувам дека така ќе биде во иднина.
Го прифаќам предизвикот и само можам да ветам напорна работа и борба до последната капка пот, што ветувам дека навивачите ќе го забележат на теренот. А, до каде ќе стигнеме, крајот ќе покаже. Реално кажано, играта на Вардар во изминативе четири кола не беше добра, иако сум убеден дека моите претходници го дале својот максимум. Имаме две недели на располагање за консолидација и верувам дека на следната средба ќе делуваме многу подобро“, изјави Захариевски.
Вардар по четири кола има само една победа и три порази.