Дома Тенис Затајување данок? Собирачот на пари Федерер е недопирлив!

Затајување данок? Собирачот на пари Федерер е недопирлив!

Изминатите неколку месеци во Шпанија се „крена прашина“, бидејќи големи фудбалски ѕвезди се обвинети за затајување на данок.

Лионел Меси неодамна беше осуден, Кристиано Роналдо на 31-ви јули ќе се појави пред судот, додека истото го чека и Жозе Мурињо.

Интересен коментар на она што се случува во Шпанија има поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер. Тој како пример го наведе Роџер Федерер кој во текот на кариерата има заработено скоро една милијарда долари.

„Зошто го напаѓаат само фудбалскиот свет?Никој ништо не говори за еден од најголемите собирачи на пари – Федерер. Тој е недопирлив. Сигурен сум дека е така бидејќи работи исправно“, изјави Блатер.

„Исто така не се нападнати ниту бејзбол и НБА ѕвездите. Искрено не знам каде точно живее Федерер. На пример, сите врвни играчи, со исклучок на Федерер, имаат живеалиште. Надал е во Манакор, Мари во Лондон, Ѓоковиќ во Монте Карло. Кај Федерер само стои Швајцарија“, додаде Блатер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Надал откри: Со Федерер се слушаат секоја недела, но „големата тројка“ нема заедничка група

Рафаел Надал зборуваше за пријателството со Роже Федерер, можните заеднички проекти и прич…