Преговорите помеѓу Милан и Атлетико Мадрид за трансферот на Анхел Кореја се во застој, пренесува „Скај Италија“.
Аргентинецот веќе постигна комплетен договор со „росонерите“, а минатата недела и двата клуба постигнаа начелен договор за трансфер, па медиумите најавија дека трансферот е пред реализација.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, настана застој во преговорите бидејќи двата клува не можат да се договорат околу вистината на бонсуите. Милан нуди 40 милиони евра плус 5 милиони како бонуси, додека „јорганџиите“ сакаат трансферот со вклучени бонсуи да изнесува 50 милиони евра.
Милан во меѓувреме го договори напаѓачот на Лил, Рафаел Леао за 35 милиони евра, но не се откажува од Кореја.
Двата клуба остануваат на преговарачка маса и се очекува во следните денови да ја „испеглаат“ разликата.
Милан не се брза за реализација на овој трансфер, бидејќи најпрво сака да го продаде Андре Силва.
SKY: Negotiations between #ACMilan and #AtleticoMadrid for #Correa have slowed down because the Spanish club is asking for a large sum to give up the Argentine player, an important investment that Milan may not need to do now with strong concern for Portugal striker #Leao
-Y pic.twitter.com/uHmzyX6JRE— ACMilanSwiss (@AcMilanSwiss) July 28, 2019