Дома Фудбал Засилувањето од 50 милиони евра потпиша за Баерн

Засилувањето од 50 милиони евра потпиша за Баерн

Баерн Минхен утрово го претстави Португалецот, Палиња за ново засилување.

Фудбалерот од редовите на Фулам пристигнува во Минхен во трансфер вреден 50 милиони евра.

Палиња по потписот не го криеше задоволство истакнувајќи дека за него ова е остварување на сонот.

„Сигурно дека ова е еден од моите најсреќни денови во животот. Конечно ќе заиграм за топ-клуб во Европа како што е Баерн. Ќе дадам се од себе да помгнам во освојувањето на титули“, изјави Палиња.

Досега во кариерата, Палиња играше за Спортинг Лисабон, Мореиренсе, Белененсес, Брага и Фулам, па така Баерн сигурно е неговиот најголем предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонија во Глазгов против одбрана со повратник: Портеус на местото на Велш

Повредата на Стивен Велш ја принуди Шкотска да повика замена за ноемвриските натпревари. Р…