Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Започнува расплетот во групите на ЕП – во последното коло скоро се е отворено!

Започнува расплетот во групите на ЕП – во последното коло скоро се е отворено!

Пред нас е расплетот на првата од шесте групи на ЕП, а денеска ќе го дознаеме и конечниот поредок во групата А во која се Германија, Швајцарија, Шкотска и Унгарија.

Европското првенство денеска ќе се игра само во еден термин, Германија – Швајцарија и Шкотска – Унгарија играат во терминот од 21:00 часот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германија и Швајцарија играат за првото место во групата, Гермаија и математички го обезбеди првото место, а Швајцарија 99% е таму и треба да се случи некое лудо сценарио за да испадне.

Германија на првото место има два бода повеќе од Швајцарија и јасно е дека вечерва и одговара бод за да го обезбедат лидерското место и поповолна ситуација во нокаут фазата.

Вториот дуел во денот го играат Шкотска и Унгарија и двете селекции можат да напредуваат со победа. Шкотска е во подобра позиција бидејќи има бод повеќе од Унгарија, за која само победа може да донесе пласман во нокаут фазата како една од третопласираните селекции кои би обезбедиле пласман.

Досега осминафиналето го обезбедија само три репрезентација (Португалија, Германија и Шпанија), додека Полска е единствената селекција без шанси, па така скоро се е отворено во последните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

ПСЖ не сака да плати 130 милиони, Челзи спрема понуда за Осимен

Фудбалерот на Наполи, Виктор Осимен е eден од најбараните на фудбалскиот пазар и ова лето …