Дома Трансфер зона Започнува битката за Гвардиол: Два европски гиганти фаворити за потписот на хрватскиот стопер

Започнува битката за Гвардиол: Два европски гиганти фаворити за потписот на хрватскиот стопер

Хрватскиот стопер Јошко Гвардиол е едно од откритијата на последното Светско првенство во Катар.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот и суперталентиран стопер од Хрватска беше еден од најзаслужните за освојувањето на бронзениот медал на Светското првенство, па не е ни чудо што многу клубови се сериозно заинтересирани да го доведат.

Лајпциг ќе се мачи да го задржи по серијата добри игри.

Како што од утрово пренесуваат островските медиуми, Челзи е тој што сака да го доведе.

„Сан“ пренесува дека двократниот шампион на Европа е подготвен да плати 51,5 милиони евра за неговото доаѓање.

Клубот од Лондон го следи од ова лето, но ќе има силна конкуренција од Шпанија, бидејќи го посакува и актуелниот европски првак Реал Мадрид. Шпанците оваа есен неколку пати испраќаа скаути на натпреварите на Лајпциг.

Сепак, понудата на Челзи е далеку под бараните 80 милиони евра, додека сеуште не е познато колку се подготвени да понудат челниците на „кралскиот клуб“ од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…