Дома Македонски спорт Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

Започна пријавувањето за Виз Ер Скопскиот маратон

На 06.10.2024 со старт 08:00 часот, ќе се одржи 20. јубилејно издание на најпознатата и најмасовна атлетска манифестација во Македонија, Виз Ер Скопски маратон. Пријавувањето започнува денеска, 28.03.2024 во 9.00 часот и ќе трае до 20.09.2024 до 23:59 часот. Право на учество имаат сите државјани на Република Македонија и странски државјани.

Учесниците на маратон и полумаратон на стартот ќе бидат распоредени во 4 стартни боксови според таргет времето кое ќе го одберат при процесот на пријавување, додека учесниците во штафетниот маратон и трката на 5км ќе бидат распоредени во стартни зони кои ќе бидат означени во зоната на старт со името на трката.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Исто така, учесниците ќе можат да се пријават на маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон – ЕУ за спорт и трката на 5км. За повеќе информации поврзани со условите за учество, отворете ја официјалната страна на Виз Ер Скопски Маратон, на следниот линк http://skopskimaraton.com.mk/uslovizaucestvo.

Трката има сертификат од Асоцијацијата за улични трки (AIMS) и се одвива според правила на Светска Атлетика (WA), и АФСМ.

Организатор на Виз Ер Скопски Маратон е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со АК „Работнички“и АК „Скопски Маратон“, додека покровители на трката се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенцијата за млади и спорт.

Секој учесник што ќе стартува на Виз Ер Скопски Маратон ќе добие вредносен ваучер од 20 ЕУР од насловниот спонзор на трката, Виз Ер. Ваучерите ќе бидат испратени во период од 10 до 20 Октомври 2024 на е – пошта адресите кои учесниците ќе ги остават при процесот на пријавување.

Во стартниот пакет за сите трки е вклучена и маица, но ја добиваат само оние кои ќе се регистрираат до 29 август 2024.
Трката има ограничен број на учесници и пријавувањето може да се затвори, доколку се пополни предвидениот број на бројот на учесници, затоа побрзајте и пријавете се уште денеска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Легендата на Арсенал доби дрес од Вардар

Легендарниот фудбалер на Арсенал, Сол Кембел кој во овој период е во Македонија, а во изми…