Дома Македонски спорт Заборавете ги казните во Челзи – Осогово е ХИТ (фото)

Заборавете ги казните во Челзи – Осогово е ХИТ (фото)

Лампард во Челзи води голема сметка за дисциплината и тоа можеби е една од причината за добрите настапи на Челзи оваа сезона.

На социјалните мрежи се појави ценовник со казните во Челзи за секој прекршок.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Според тој ценовник доцнење за на натпревар без разлика дали на гости или дома се плаќа со 2500 фунти. Доцнење на припремен состанок за тренинг исто така со 2500 фунти, како и дополнителни 2500 фунти за секои дополнителни 15 минути доцнење.

За непојавување во теретана казната е 1000 фунти, а за на третман после тренинг 2500 фунти. Доцнење на тимски состанок се казнува со 500 фунти, но по минута! Доддека непојавување на почетокот на тренингот носи казна од дури 20000 фунти итн…

На ова Челзи веднаш доби одговор од нашиот второлигаш Осогово, кој на Твитер ги објави казните во нивниот клуб.

Осогово е најактивниот македонски клуб на социјалните мрежи, а после ова сигурно ќе има уште повеќе следбеници на Твитер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…