Дома Македонски спорт Мак ракомет ЖРК Куманово и Пелистер ги добија противниците во Челинџ Купот

ЖРК Куманово и Пелистер ги добија противниците во Челинџ Купот

0

Женските ракометни колективи на Куманово и Пелистер ги добија своите противници за 3. квалификациско коло од ова европско клупско натпреварување.

Избраничките на Викторија Мурговска имаа место меѓу носителите пред ждрепката, па за противник го добија тимот на Лa Сале од Малта. Овој тим е дебитант во европските купови, а тоа значи дека македонскиот претставник е огромен фаворит.

Доколку девојките на Куманово сакаат да се изборат за уште натпревари во Европа, ќе мора да одиграат добро и да го елиминираат тимот на Геониус од Холандија кој денеска преку ждрепка беше избран за Кумановки.

Првите мечеви се закажани за 10/11 ноември, додека реваншите ќе бидат една недела пододна.


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Винари Неготино со нова провокација за соседите од Кавадарци: „Иде воз, иде воз, иде воз“

Вчера, во Неготино се одигра вечното дерби, овој пат во второлигашка конкуренција помеѓу с…