Дома Фудбал Англија Жота го сруши поранешиот тим и го врати Ливерпул на победничките патеки

Жота го сруши поранешиот тим и го врати Ливерпул на победничките патеки

Во последниот натпревар од 28. коло во Премиер лигата Ливерпул му гостуваше на Волвс и славеше со минимални 1:0.

На Енфилд не се памети ваква криза, но кога веќе не може да освојува бодови на домашен терен (шест порази по ред), тогаш може барем на гостувањата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Синоќа актуелниот првак на Англија дојде до важна победа, а гол за одлука постигна Диого Жота во 45. минута.

Можеби се очекуваше повеќе од самиот натпревар, но гостите се среќни со резултатот и сега со 46 бода се на шестото место, пет помалку од Челси во борбата за место во ЛШ.

За жал, во финишот на натпреварот тешка повреда заработи домашниот голман Руи Патрисио, кој се судри со соиграчот Коуди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Бруно Фернандеш: Јунајтед ќе ме ослободеше, ако сакав да заминам

Kапитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш потврди дека клубот бил подготвен да го п…