Дома Топ вести Жоао Феликс – најскапо засилување или најголемо промашување?

Жоао Феликс – најскапо засилување или најголемо промашување?

Најскапото засилување во историјата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс веќе трпи доста критики за неговите партии од почетокот на сезоната.

Португалецот ги чинеше „јорганџиите“ 126 милиони евра и во Мадрид пристигна како замена за Антоан Гризман, меѓутоа во првите пет месеци воопшто не ги оправда очекувањата.

Феликс на свое конто има едвај четири гола и една асистенција во сите натпреварувања оваа сезона. 

Уште позагрижувачко за фановите е играта на Феликс во натпреварите со големите клубови. Тој беше буквално „невидлив“ во дуелите со Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.

Феликс е далеку од тоа да се наметне како клучна фигура во тимот на Атлетико, а со оглед на цената која е платен, од него тоа и се очекува.

20-годишниот Португалец моментално се опоравува од повредата, но шпанските медиуми тврдат дека сигурно ќе го пропушти мечот со Ливерпул во Лигата на шампиони.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кој беше Радомир Антиќ? Човекот Мистер и легенда во три клуба и три различни земји!

Фудбалскиот свет видел многу трофејни, харизматични, стимпатични и антипатични тренери, но…