Дома Фудбал Англија Жељко Бувач од април не е во Ливерпул, а дури сега официјално

Жељко Бувач од април не е во Ливерпул, а дури сега официјално

Долгогодишниот соработник на Јирген Клоп, Жељко Бувач, од денеска не е помошник тренер во Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако уште во април минатата година ја заврши соработката со Клоп и Црвените поради лични причини, тој остана на платен список во клубот од Енфилд.

“Соработката“ траеше се до денеска кога конечно е договорен раскин на договорот и 57-годишниот Бувач сега и официјално не е повеќе дел од Ливерпул.

Клоп и Бувач 17 години работеа заедно. Почнаа во Мајнц, а потоа одлична соработка имаа и во Борусија Дортмунд.

Клупата на Ливерпул ја преземаа во 2015. година, но Бувач на крајот одлучи да ја заврши оваа долгогодишна соработка.

Точните причини за заминувањето се уште не се познати, а Клоп на негово место го ангажираше Пеп Линдерс, кој и претходно работеше на Енфилд, а имаше краток ангажман и на клупата на Нец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА во текот на Мундијалот ќе менува правило?

ФИФА ја разгледува можноста за измена на правилата за изведување на пенали, дури и на сред…