Дома Фудбал Англија Лампард го сака Ешли Кол во својот стручен штаб

Лампард го сака Ешли Кол во својот стручен штаб

Новиот менаџер на Евертон Френк Лампард сака дел од неговиот стручен штаб во Евертон да биде неговиот поранешен соиграч од Челзи, Ешли Кол.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кол во овој момент работи во академијата на Челзи, но и како тренер во У21 репрезентацијата на Англија. Во случај да ја прифати работата ќе треба да се откаже од овие две места.

Лампард во својот стручен штаб го доведе Џо Едвардс од Челзи, потоа поранешниот менаџер на Дерби, Рединг и Свонси – Пол Клемент, како и Крис Џонс кој работеше со него во Дерби. Од претходно во клубот Лампард ги задржа Данкан Фергусон и тренерот на голманите Алан Кели.

Се очекува во наредните денови Кол даде конечен одговор дали ја прифаќа понудата од својот поранешен соиграч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Има ли конфликт во Франција: Дембеле искрено за Мбапе!

Усман Дембеле застана во одбрана на Килијан Мбапе, истакнувајќи дека критиките насочени ко…