Реал Мадрид го доживеа првиот пораз во Примера оваа сезона на гостувањето кај Еспањол (2:1).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
После поразот од Шероф во ЛШ, Реал попладнево беше поразен и во Барселона.
Еспањол подобро го отвори натпреварот и стигна до предност уште во 17-та минута со голот на Раул де Томас. Реал се обиде до полувремето да дојде до егал, но не успеа да ги претвори во гол неколкуте шанси.
Во вториот дел Реал тргна фуриозно, а домаќините се закануваа преку контранапади. Алиеш Видал во 60та минута зголеми на 2:0, а Реал до крајот успеа само да го ублажи поразот преку Бензема.